Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска доцна вечерва информира дека седницата на ЦО на СДСМ било одлучено дека со понудената оставка на Заев ќе започне процес на нови избори за претседател на партијата.
Изборите ќе се одржат на 12-ти декември. Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае седум дена.
Сите ќе можат да се пријават, кои ги исполнуваат критериумите на статутот на партијата.
Сите членови на СДСМ, кои ги исполнуваат критериумите, согласно статутот на партијата, ќе можат да гласаат на внатрепартиските избори.
