Нашите и бугарските медиуми, денес, вчера и завчера направија повеќе интервјуа со пре живеаните од нес реќата кај Струма во Бугарија, кои барем малку расветлија што се случувало тоа кобно утро.




За телевизија Сител, таткото на Џафер Долек, раскажува како неговиот син требало да биде во автобусот на „Беса транс“ кој изгоре, но погрешно чекираниот багаж му го спасил животот.




Тој е еден од патниците кои се враќале од Турција со агенцијата „Беса-транс“ и по грешка ги ставил куферите во погрешен автобус и тоа му го спасило животот.




Долек, требал да влезе и да ги чекира куферите во автобусот кој изгоре на автопатот Струма во Бугарија, но откако тој веќе ги ставил куферите во другиот автобус, лице од агенцијата му кажало да влезе во истиот затоа што имало место.




Ова за телевизија Сител го раскажа таткото на Џафер кој вели дека само Господ го чувал неговиот син.
Тој за несреќата разбрал откако се слушнал со својот син кој го известил дека безбедно стигнал во Скопје, при што му кажал дека еден од автобусите имал нес реќа.




Во автобусот загинаа најмалку 40 луѓе, меѓу кои имаше 12 деца. Осмиот преживеат веројтано е човек од арапско потекло. Ова е најнова информација соопштена денес.




-За мене излезе голема среќа, фала му на Бога. Од хотелот во Истанбул, багажот на син ми по грешка бил префрлан во друг автобус, а требало да биде во овој што доживеа сообраќајка.




Мојот син негодувал, се бунел, сакал да си биде во тој автобус, каде што било предвидено според билетот. Но, му рекле, ајде сега немој да ни правиш проблеми, влези во автобусот кај што ти е багажот, има место.




Така се качил во тој автобус. Бог сакал така да биде и ова е голам среќа за мене. Така требало да биде, Бог така рекол.
Кога син ми се врати дома, се разбудив и го прашав како поминавте, се ли беше во ред.




Тој ми вели, да тато, јас сум добар, но другиот автобус изгоре со преку 40 луѓе.
Јас малку се подрасонив, му велам, што ми кажа ти како тоа, а тој ми потврди, да тато, тоа е тоа, вели таткото на Џафер во интервју за Сител.




Видеото можете да го погледнете ТУКА



