Македонските здравствени власти засега не се планираат да предложат вакциналниот сертификат да биде валиден само со примени три дози, но за министерот Филипче има логика најавата на грчкиот Премиер Мицотакис дека ќе побара од Европската комисија сертификатот да има важност само доколку е наведена и бустер дозата најмалку 6 месеци по втората.
-Сите стручни препораки ги следиме, има логика, ќе видиме што ќе одлучат европските власти, сега засега одлично функсионира европскиот сертификат, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Инаку Србија дозволи во Врање со трета доза да се вакцинираат и македонски државјани со право на избор за бустер. Но, според информации на Сител немале Астра Зенека, денеска можеле да бираат само помеѓу Фајзер, Синофарм и Спутник.
Кај нас според министерот Филипче и понатаму останува третата доза да биде само со Фајзер. Досега бустер примиле околу 60.000 граѓани
Со денешната донација од 200.000 дози од Полска во моментот државата има половина милион вакцини.



