Владата ќе ги остави невakцинираните без леб?: Се врши директна диckpиминациja врз граѓаните и се прекршува резолуцијата на Советот на Европа

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука за нови мерки, која ќе биде предложена до Владата на Република Македонија. Министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека оваа одлука е донесена со консензус од сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците, како што кажа тој, потребно е болниците да работат за сите граѓани, не само за Ковид позитивните пациенти.

Сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат, соопшти министерот Филипче.

Ваквата препорака на Комисијата за заразни болести предизвика паника кај голем број граѓани кои се плашат за своите работни места имајќи во предвид дека доколку не се вакцинирани или немаат ПЦР тест кој чини патем чини околу 2 илјади денари нема да можат да се појават на своето работно место во јавната администрација и ќе добијат отказно решение.

На овој начин се врши директна дискриминација врз невакцинираните административци. Имено соогласно членот 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, објавен во „Службен весник на РСМ“, бр. 258 од 30.10.2020 година, утврдени се дискриминаторските основи. Во согласност со овој член, меѓу другото, се забранува секаква дискриминација врз основа на здравствено уверување, како и врз основа на здравствената состојба. Со чл. 6 од истиот закон се прави прецизна дефиниција на поимот дискриминација. Во согласност со чл. 6, секое сторување кое има цел ограничување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други, вклучително и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктура добра и услуги, претставува дискриминација.

Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.

Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија – тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.

Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.

Од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа на ден 27.1.2021 година се донесе Резолуција бр. 2361, која се однесува на вакцините против ковид-19 вирусот, како и етичките, правните и практични препораки. Со точката 7.3.1. од Резолуцијата Собранието на Советот на Европа бара „да се осигури дека граѓаните се информирани дека вакцинацијата не е задолжителна и дека никој не е под политички, социјален или друг притисок да се вакцинира доколку не сака да го стори тоа.“ Во точката 7.3.2. од истата резолуција се наведува дека треба „да се осигура дека никој не е дискриминиран затоа што не е вакциниран поради можни здравствени ризици или не сака да се вакцинира.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*