Недоразбирање во сообраќајот за малку ќе завршело кобно, откако едниот возач со пиштол почнал да му се заканува на другиот. Имено, инцидентот се случил доцна синоќа, а во него учествувале двајца возачи.
На 14.11.2021 во 21 часот во СВР Скопје, Д.П.(25) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ и бул.„Коцо Рацин“, додека се превезувал во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот едно лице кое управувало патничко возило „форд фокус“ им се заканувало со пиштол, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


