На денешен ден 13.11.1944, Скопје е ослободено од фашистичката окупаторска чизма!
Секој Македонец добро знае дека бугарските фашисти се оние кои вршеа најподли злосторства и ѕверства во Скопје и низ цела Македонија во Втората светска војна.
На 26 август 1944, руските тенкови ќе пристигнат на границите на фашистичка Бугарија, која била еден од најверните сојузници на Хитлер.
Бугарската фашистичка власт потонала во паника и страв и веднаш прогласила воена неутралност, а две недели подоцна во Септември 1944 уплашени дека ќе бидат прегазени од руската црвена армија, бугарските фашисти ќе се претворат во антифашисти и дури ќе и објават војна на Германија!
Ова е уште една потврда за бугарската политика која е позната и под името „На каде дувне ветерот“!
Подлата бугарска власт дури ќе ја испрати повторно бугарската војска во Македонија за да се прикажат како наводни ослободители, дури и ќе се обидат да влезат во Скопје, за да лажат подоцна дека тие го ослободиле Скопје и Македонија!
Но македонскиот генерал Михајло Апостолски не дозволил на довчерашните бугарски фашисти да влезат во Скопје и да изигруваат ослободители!
Како што ќе потврди и Трајко Стаматовски, македонскиот ветеран од Втората светска војна:
– „Ние добро знаеме против кого војувавме, колку жртви дадовме. Колку беа храбри нашите партизани. Се бореа за секоја улица, за секоја зграда, за секоја институција. Во борбите за ослободување на Скопје загинаа 398 борци, меѓу нив и голем број првоборци. За подвизите на диверзантските групи кои ги деминирираа Камен мост, ХЦЕ Матка, за недолжните стрелани скопјани, многупати сум говорел.
Овојпат сакам да потсетам на генералот Михајло Апостолски и на неговата далекусежна визија да не се дозволи влез во Скопје на единици од тукушто преобразената бугарска војска. Како ќе се користеше денеска тоа доколку им беше дозволено на Бугарите, можеме да си замислиме. Значи Апостолски имаше чувство како за минатото, така и за иднината.
Генералот Апостолски својата генијалност ја покажа многупати, како за време на Февруарскиот поход, или во акциите во источна Македонија, многу многупати за време на антифашистичката борба…”, објаснува Стаматовски.
На фотографијата: МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИЗАНИ во ослободено Скопје


