ФИЛИПЧЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: НЕ ОРГАНИЗИРАЈТЕ КУЌНИ СЛАВИ

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија.

Бројот на заразени овој период се движи од 400 до 700 случаи дневно, а Филипче апелираше на внимателност кај граѓаните во овие зимски месеци.

Доаѓа период на заладување на времето и почести собири на граѓаните во затворени простории. Сега доаѓаат и семејните слави, а ги замолувам граѓаните да не ги организираат славите, или да ги организираат во што помал број. Мора да бидеме претпазливи. Многу мини бранови тргнаа од тие прослави – истакна Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*