Касами ги пријавил во полиција како исчезнати пратеникот и неговото семејство

Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами во полиција пријави исчезнување на пратеникот Кастриот Реџепи.

Во изјава за медиумите ја повика Владата да го најдат пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието 24 часа не е достапен и слободен.

„Пратеник на Собранието на РСМ да исчезне 24 часа и никој да нема информации каде е. Ова веќе не се работи за евроинтеграции, не се работи за власт-опозиција. Се работи за животот на луѓе, значи човекот пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство“, истакна Касами.

Тој вели дека пријавил во полиција дека пратеник и неговото најблиско семејство се исчезнати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*