Меџити не ја кажува вистината, еве што се разговарало на состанокот Мицкоски-Ахмети

Ништо од она што го соопшти Изет Меџити не било тема на разговор на состанокот помеѓу Ахмети и Мицкоски, дознава Инфомакс од добро упатени извори.

Според информациите на Инфомакс, средбата била договорена на барање на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Собранието, а траела нешто помалку од половина час.

Ахмети заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски разговарале на една тема, а тоа било прашањето за гласање на доверба на владата на СДСМ и ДУИ, за што до Собранието денес опозицијата поднесе 61 потпис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*