Касами стана градоначалник на Тетово, оние што не доаѓаат на работа ќе ги повика да си дадат отказ

Лидерот на Беса, Биљал Касами ја превзема градоначалничката функција во тетово од Теута Арифи, кадар на ДУИ, по победата во вториот круг од локалните избори.

Откако го потпишаа и документот за примопредавање на функцијата и се ракуваа, новиот тетовски градоначалник по добивањето на уверението од Општинската изборна комисија, почна да го користи и градоначалничкиот кабинет.

-Со нашата победа се врати надеж за достоинствен живот во Тетово – градот на историјата, културата и знаењето и традицијата.  Свесни сме дека од денеска мене и мојот тим ме чека многу тешка и напорна работа, но со професионалниот и моралниот капацитет што го имаме без трошка сомнеж ќе успееме. Од овој момент ќе започне скенирање на актуелните состојби во општина Тетово и веднаш согласно законските одредби ќе ангажираме специјалисти надвор од институцијата за целосна ревизија, изјави  Касами.

Касами рече дека оние кои никогаш не се појавиле на работните места и земале плати од општината, ќе ги повикува сами да се повлечат и да се одјават од нивните работни места. 

– Се надевам до крајот на неделата дека ќе имаме стодневен акциски план кој ќе го објавиме во јавноста. Од утре сме на терен и ќе реализираме ветено во кампањата, рече Касами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*