Алармантна состојба во Охрид, по педијатрија, се затвора и уролошкиот оддел, трансфузиологија останува само со еден специјалист

Покрај педијатриското одделение, деновиве престана со работа и урологијата во охридската општа болница. Двете одделенија сега функционираат само како амбуланти. За хоспитализација и преглед по 20 часот и за викенди во Струга се праќаат најмладите пациенти, а оние со уролошки проблеми се снаоѓаат како знаат. Објаснувањето на управата на болницата е дека одделението е привремено затворено поради немање кадар, пренесува Алсат

„Се зборува дека имаме недостиг од стручен кадар, овој стручен кадар го имаме речиси десет години. До деветти месец имавме триста операции, и повеќе од 4500 прегледи, а како наеднаш немаме стручен кадар?“, изјави Ристо Медароски-уролог во охридската општа болница.

Хирургот Мирко Лекоски вели дека проблемот со недостигот на кадар сериозно влијае на работата.

„Тука сум дежурен со половина тим и ако треба да ја направам наједноставната операција, како слепото црево, треба да соберам екипа од дома, да повикам медицински сестри. Специјалисти ќе имаме се помалку, а некои ќе си заминат, кои во приватните болници, ние постарите ќе одиме во пензија и тука ќе биде тешко“, рече Мирко Лекоски-хирург.

Сериозен проблем имаме и во одделот за трансфузиологија каде остана само еден специјалист. Некои лекари решението го гледаат во изградба на регионална болница која би ги опфатила Охрид и Струга и би ги обединила човечките капацитети

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*