(Видео) Претседателот на комисијата со Бугарија, историчарот Ѓорѓиев со ckaндалозно тврдење дека нашата историја е фалсификувана

На социјалните мрежи се врти скандалозно видео од историчарот Драги Ѓорѓиев кој е претседател на македонската страна во комисијата за историја со Република Бугарија.

Во видеото Ѓорѓиев тврди дека при создавањето, градењето на нацијата, македонската историографија се користела со фалсификати.

-Во Македонија, историографијата беше во функција на градење на нацијата. Никој во Македонија не опонираше на ставовите на нашите историчари. Никој. Тие имаат слобода, тие имаа друга мисија. Тука ние треба да погледнеме по храбро кон тоа. Ова е факт, нашата нација вака е изградена и не треба да се плашиме од тоа. Нашата нација е изградена. Имаме во минатото кога е градена таа нација кои некореспондираат со академската наука. Некои прашања биле или тргани на страна или селективно бирани. Имало и правење на фалсификати, вели Ѓорѓиев.

https://twitter.com/i/status/1456617001594638341

Претходно Ванчо Ѓорѓиев поднесе оставка во комисијата и обвини за притисоци од страна на МНР со порака до колегите да не ја „виткаат кичмата“. Османи демантира дека се мешал во работата на Комисијата.

Тој обвинува за „директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР“. Ѓoрѓиев истакнува дека комисијата била под силен политички притисок од врвот на МНР и дека без негова согласност е прифатена промена на учебникот по историја, а во делот кој се однесува за Самоил. Како дел од причините ги наведува и отстапката од утврдените принципи за консензуално носење одлуки, како и отстапката од зацртаните црвени линии од другите членови на Комисијата, а на штета на македонските национални интереси…

„Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја виткаат кичмата“, наведува Ѓорѓиев во своето соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*