Пред малку Министерството за надворешни работи испрати соопштение во кое е загрижено од постапките на дел од советниците избрани на последните локални избори, посебно во општините Штип и Аеродром и случувањата на конститутивните седници.
„Со Законот за ратификација на Конечната спогодба, Одлуката за прогласување на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и ХХХVI на Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија од јануари 2019 година, уставното име на државата е Република Северна Македонија и дека сите државни институции и единици на локалната самоуправа се должни да го почитуваат Уставот на Република Северна Македонија и да ги усогласат сите акти кои ги донесуваат со Уставот“, велат од МНР.
Но се поставува прашањето дали некој во МНР или пак од власта воопшто го има прочитано Преспанскиот договор со кој се промени уставното име на државата.
Соогласно членот 10 од Преспанскиот договор став а) и став б) постојат два преодни периоди во спроведувањето на промената на името на државата.
„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата
„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна какви што впрочем се документите на локалната самоуправа.
Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.
Како што знаеме Македонија се уште ги нема започнато преговорите со Европската Унија, што значи дека соогласно договорот немаме обрска се уште да ја почитуваме оваа одредба од договорот.
Во преговорите со Европската Унија има 35 поглавја и секое се однесува на различна општествена сфера.
Мора да се напомене дека се уште не се изминати 5 години ниту од потпишувањето на договорот и техничкиот преоден период.


