Скопје утрово е седми на листата на градови со најзагаден воздух во светот, објави швајцарскиот портал IQAir кој објавува податоци поврзани со квалитетот на воздухот ширум светот.
Воздухот во Скопје не е здрав за сите возрасни групи, објави порталот.

Позагаден од Пекинг, Вухан, Карачи…
Во моментов, AQI индексот за квалитет на воздухот во Скопје 155, што значи дека воздухот во главниот град е нездрав за ранливите групи. Концентрацијата на ПМ 2,5 честичките е шестпати пати поголема од препорачаната од Светската здравствена организација.
Пред Скопје, по загаденост се и уште ддва града на Балканот, како Загреб, на шестото место и Сараево на четвртото место.



