За разлика од 36 гласа општина Брвеница каде има речиси двојно повеќе Албанци отколку Македонци. во следните четири години ќе ја води македонската партија, ВМРО-ДПМНЕ со Јовица Илиевски.
Во трка за градоначалник на Брвеница беше и независниот албански кандидат Енвер Пајазити. Но, во првиот круг кандидати имаа и другите албански партии поради тоа што не успеаја да се договорат за заеднички албански кандидат за оваа општина.
„Кога успехот на општината е приоритет тука нема национална и верска припадност, кога сонот за просперитетна Општина Брвеница е на дофат таа прилика се зграбува. Мојата визија за успех за сите нас, конечно ќе биде реализирана.
Ви благодарам на сите, ви благодарам мои пријатели македонци, албанци, срби, турци, роми и останати. Ви благодарам затоа што ја донесовме новата иднината во Општина Брвеница. Ви благодарам затоа што нашиот сон ќе биде јаве за нашите деца!“, напиша Јовица Илиевски на својот профил на Фејсбук.


