Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, и претседателот на СДСМ Зоран Заев, закажаа прес-конференција во 22:00 часот, на која ќе ги соопштат резултатите од локалните избори.
Во моментов Данела Арсовска има убедливо водство пред Шилегов според последните информации.
Претходно во 21:50 часот, прес-конференција ќе одржи и Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


