Во догледно време три нови луксузни скијачки центри – Ќе може ли земјава да одговори на предизвикот во време на енергетска криза?

На Јабланица кај Струга и Вевчани, на Бушава планина кај Крушево и Македонски Брод, на Караџица кај Сопипште и Студеничани се планирани да се градат три нови луксузни скијачки центри кои би чинеле помеѓу 700 и 800 милиони евра.

Целта е стимулирање на домашната економија и на меѓународниот и домашниот туризам.

За потребите на новите скијачки центри ќе се изградат три нови туристички села со 16 луксузни хотели со 4 и 5 ѕвезди, ресторани и околу 130 планински куќи со капациет од над 5000 легла, жичарници, ски-лифтови, над 180 км алпски скијачки патеки, велосипедски и авантуристички патеки и резервоари за производство на снег. Од подножјето на планините до  врвот ќе се стигнува исклучиво со жичарница и тоа за 8 до 15 минути.

„Кога станува збор за урбанистичкиот развој на којшто треба да се изведат е сличен за сите локалитети. Станува збор за ресорти кои би функционирале во текот на целата година како во зимскиот така и во летниот период, а тоа подразбира дека ќе има низа активности кои би можеле да се изведуваат“, истакна Даниеле Константини.

Доминантна изложеност на исток, присуство на езера на голема надморска височина, присуство на снежна покривка помеѓу 1200 и 2200 м нв во текот на близу 140 денови во годината, лесна пристапност до локациите и близината на аеродромите се предност и тешко се наоѓаат сите на едно место, токму затоа авторот на овој проект се одлучил за нив долгогодишниот консултатнт на Олимписките игри во скијање, на светски познатите скијачки центри. На прашањето дали би можела енергетски земјава да одговори на предизвикот во време на криза, Константини вели :

„Исто така да не ја заборавиме и она што е еколошка филозофија која е дел од проектот и која ја има во сите овие проекти. Одиеме на принципот на  користење на локалните дрвја и намалување на користењето на електричната енергија и рециклирање на природниот отпад“, посочи Даниеле Константини.

Со цел што побрзо да се реализира оваа идеја ќе биде презентирана во наредните месеци на меѓународниот саем во Дубаи Експо 2021, а веќе има интерес од потенцијални инвеститори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*