Милевски директно дeмaнтиpa дека ЛДП дава поддршка на Шилегов

ЛДП и ДОМ во недела имаат еден кандидат зад кого застануваат и кој ја има нашата поддршка. Тоа е Курто Дудуш кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари, реагираше на фејсбук Горан Милевски.

Милевски нагласи дека ниту тој, ниту ЛДП и ДОМ немат дадено јавна поддршка на ниту еден кандидат за градоначалник надвор од редовите на нивното движење.

„На сите други места остануваме на нашиот став, граѓаните и нашите поддржувачи да гласаат за оние кандидати за градоначалници кои сметаат дека се блиски до нашата идеологија, верувања, определби. Да гласаат за оние кандидати кои сметаат дека ќе работат во интерес на граѓаните. Ниту јас, ниту ЛДП и ДОМ немаме дадено јавна поддршка на ниту еден кандидат за градоначалник надвор од редовите на нашето движење. На сите места каде освоивме советници ќе бидеме коректор на локалната самоуправа и чувари на интересот на граѓаните. Ќе се бориме за реализација на нашата програма и проекти независно дали ќе бидеме дел од локалното мнозинство или опозиција“, вели тој во скојата објава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*