Максо нон стоп споменува несреќен случај за некое дете води сметка и твоето дете така да не се споменува, а убаво детето си вози мотор. Порака со ваква содржина добила активитиска на тимот на Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово, тврди самиот во пост кој попладнево го објави на фејсбук. Тој објавува и „принтскрин“ од испратените закани.„Погледнете ги пораките што се испраќаат на наша активистка, мајка, за нејзиното дете! Ова е недозволиво, срамно и загрижувачки! Барам МВР веднаш да спроведе детална истрага, а ние ќе направиме сè семејството да остане анонимно за да немаат дополнителни трауми од поединци, пишува Димитриевски.Тврди дека првата порака е испратена на 16.10.2021, од телефонскиот број 076 8** 4** со следната содржина:„Максо нон стоп спомнуе несреќан случај за некое дете води ред и твое така да не се спомнуе, а дете убаво си вози мотор. Последна опомена“.По 5 минути, повторно уште една порака, која гласи:„Док си таму поздрави се последан још мало па бивши градоначалник“.Но, комуникацијата не завршува тука. На 26-ти октомври во 18:22 часот, повторно уште една порака, додава Димитриевски.„Убав дн днска на дете ти роденден, другара ти Максу покани ли га мож ќе биде последан роденден да се подружите“.4 минути подоцна, уште една порака:„Многу убаво те опоменасмо да се повлечеш ама ти не. што и да се деси сама си крива“.Димитриевски вели дека според нивните неофицијални информации, станува збор за лице кое е поранешен осуденик и кое издржувало казна затвор, а во моментов е во штабот на СДСМ. Случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.„Досега имаме пријавено многу случаи во МВР, но оваа институција не реагира. Со кое право вршите закани врз родител жена, мајка на нечие дете испракајќи и порака дека може на нејзиното дете да му биде последен роденден! Вака ли сакате да водите кампања за локални избори! Застрашувачки е тоа што се случува од месец септември досега во Куманово. Срамота! Ги повикувам сите кои се соочуваат со закани и притисоци поради сопствено убедување веднаш да ги пријават, напиша Димитриевски.
ДА НЕ МУ БИДЕ ПОСЛЕДЕН РОДЕНДЕН НА ТВОЕТО ДЕТЕ: Димитриевски објави закани кон негови активисти
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. пророк Илија-Илинден
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден. Свети Илија беше Евреин. Живееше […]
(Фото) Боки 13 ги објави пораките со Заев – Јавноста во шок
Бојан Јовановски преку својот правен тим испраќа отворено писмо адресирано со Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Вилма Русковска, Љупчо Николовски и […]
МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена / Makedonisch-Orthodoxen Kirchengemeinde
Почитувани пријатели,возљубени браќа и сестри, сакаме да ве информираме за,распоред на св. Богослужби… ЗАДУШНИЦА … Сабота, 06.11.2021г. – ЗАДУШНИЦА – […]
Боркица се разведува од Груевски
Сопругата на поранешниот премиер, Никола Груевски, Боркица Груевска пред Основниот граѓански суд во Скопје поднела барање за развод. Судскиот оглас […]