Пецаков има коалиција со народот, а ЌЕ Георгиески со урбаната мафија и затоа ќе доживее катастрофален пораз!

ЌЕ Георгиески е во паника и очај затоа што ги губи изборите и никаква црна кампања не може тоа да го спречи.Никако да излезе од предавничката матрица на СДСМ, па по катастрофалниот пораз без срам реши да се појави и да прочита нарачан текст од неговиот партиски ментор Заев.Неспособниот Георгиески и СДСМ единствено што успеаја да направат се хаос со плажите, платформите и урбаната опрема.Охриѓани и туристите беа сведоци дека селективниот Георгиески дозволи узурпација на јавниот простор со лежалки, самоволна наплата за паркирање возила и слични дејности.Лицемерно е Георгиески најпрвин да најавува објавување нов оглас за давање на плажите под концесија, потоа пред избори оглас за идејни решавања за плажите, а од друга страна да обвинува затоа што Д-р Кирил Пецаков и новото советничко мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ имаат план да го решат хаосот со плажите и да ги вратат повторно на граѓаните.Целата јавност да знае дека проблемот со плажите и нивното уредување има да го решиме со тоа што плажите повторно ќе добијат концесии согласно законите.Георгиески цел мандат исплаќа предизборни фактури, уценет е и докажа дека не може да се справи со ниту со плажите, ниту со дивоградбите.Георгиески,Црната кампања нема да те направи победник, само продолжуваш да тонеш.На охриѓани не им треба уценет градоначалник и страшливец.Самиот Георгиески е слуга и маша на личните профитери и урбаната мафија.

✍🏻

Да заокружиме 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков!

✔️

На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*