Ахмети: Арсовска нема искуство, Шилегов е најдобриот градоначалник досега

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во дебатното издание „Click Plus“ на ТВ21 се осврна и на кандидатите за градоначалници на Град Скопје.

Според него, независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска нема искуство, додека пак кандидатот од СДСМ и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, бил најдобриот досега.

„Арсовска не е доволно искусна да го води градот. Од друга страна, Шилегов работеше доста во својот мандат. Доста проекти се реализирани. Тој е еден од најдобрите градоначалници. Шилегов треба да победи во Скопје“, порача Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*