За девет месеци од годинава се откриени 124 странски државјанки кои нелегално престојувале и работеле пред се во угостителски објекти во тетовскиот регион. Жените се претежно од соседни земји, но и од подалечни држави, соопштија од СВР Тетово.
Тие се откриени во редовните активности на СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно државјанки кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, најчесто во угостителски објекти.
„Во изминатите девет месеци од годинава биле затекнати вкупно 124 странски државјанки, најмногу од Република Албанија (55), Република Србија (26), Русија (20), Украина (10) и од уште седум други европски држави, од соседството и пошироко. Од затекнатите, 58 женски лица странски државјанки или го немале законски регулирано нивниот престој или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле претходно пријавениот туристички престој, со што постапиле спротивно на Законот за странци“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Поради овие прекршувања на законските одредби, СВР Тетово во овој период изготви 13 барања за поведување на прекршочна постапка против 58-те странски државјанки до основните судови во Тетово и Гостивар.
СВР Тетово откри 124 странски државјанки со нелегален престој
Со вакви резултати, минатиот попис беше одложен!
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на својот профил реагираше дека со вакви пописни резултати, пописот во 2011 година беше одложен. […]
Лудило во Сиднеј и Волонгонг – ИмаТ немаТ ја крена Австралија на нозе!“
Започна долгooчекуваната Австралиска турнеја на музичкото шоу „ИмаТ немаТ“. Првите два концерти, одржани во Волонгонг и Сиднеј, беа распродадени до […]
Влада: Продолжува да расте просечната месечна нето плата
Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денари. […]
Реџепи бил недостапен оти му ја исклучиле струјата па го фатила паника
„Исчезнувањето“ на пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи, кој денес не се појави на закажаната седница за гласање на (не)доверба, сепак […]