Алијанса даде поддршка за БЕСА, Таравари бара од партијата на Касами формирање на ново парламентарно мнозинство

Uncategorized

Алијансата за Албанците ќе даде поддршка на БЕСА секаде каде во вториот круг за локалните избори битка бие партијата на Касами и ДУИ.

Ова попладнево го соопшти генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција.

Ова значи дека БЕСА може да се надева на поддршката на Алијанса во Желино и во Тетово.

-Нашиот став е конзистентен и ги повикуваме нашите членови и симпатизери и сите други гласачи да ги поддржат кандидатите на движењето Беса секаде каде што настапуваат против ДУИ, а тоа е во две општини Желино и Тетово. ДУИ треба да падне по секоја цена, се надевам дека движењето Беса навистина има за цел да се одвои од злото, но потесетиваме дека тоа се прави доколку ДУИ целосно е острането од власта и создадеме ново парламентарно мнозинство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *