Судењето против 96-годишнaта Ирмгард Фурнер, која е обвинета за учество во убиство на над 11.000 луѓе во нацистичкиот камп Штутхоф, кај Гдањск, за време на Втората светска војна, започна денеска во близина на Хамбург.
Судењето требаше да започне на 30 септември, но обвинетата не се појави на рочиштето и беше откриено дека избегала од старечкиот дом каде што живее. Таа беше пронајдена и уапсена истиот ден и беше ставена во притвор, од каде беше ослободена неколку дена подоцна.
Во писмото од судија на почетокот на септември, Фурнер побара од судијата да ја ослободи од обврската да присуствува на судењето од здравствени причини, што беше одбиено.


