Македонија и сè е можно: Во делчевско село се гласало во фарма за магариња

Uncategorized

Околу 90 лица евидентирани во избирачкиот список, од делчевското село Нов Истевник, вчера гласаа за избор на локална власт на невообичаено место – приватна фарма за магариња, објави Канал 5.

Објектот до 1985 година бил училиште, но бидејќи нема доволно ученици, сега е приватен објект кој за изборите се користи како гласачко место, во недостиг од други гласачки места.

Во селото Нов Истевник има околу 120 куќи, а гласањето се одвива во предниот дел од објектот. Канал 5 објави дека и во ова изборно место гласачите се соочувале со проблеми со апаратите за отчитување на отпечатоците на прст, наводно поради тоа што мештаните се занимавале со работа со ореви и прстите им биле валкани. На ова избирачко место и порано се гласало на избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *