Во Росоман гласала жена позитивна на Ковид-19

Пријавена нерегуларност на изборите во Росоман, жена позитивна на Ковид-19 била да гласа, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

-Во 09.15 часот во Полициската станица Кавадарци – СВР Велес било пријавeно дека на гласачко место бр.0720 во Росоман, А.А.(61) од Росоман го остварила правото на глас, иако знаела дека е позитивна на коронавирусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. “Апелирам до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата или на бројот 192 или да пријават во најблиската полициска станица”, рече Ангеловски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*