22. годишен битолчанец почина од корона вирус, по само шест дена лекување

Дваесет и двегодишниот пациент, кој починал од коронавирусот минатото деноноќие бил со прекумерна тежина, но немал други хронични заболувања. Не бил вакциниран, а три дена со ред се јавувал на лекар, веднаш откако добил позитивен резултат, соопштија од Министерството за здравство за Телма телевизија.

Пациентот бил позитивен на ковид од 9-ти октомври. На преглед отишол наредниот ден, на 10-ти октомври, на инфективното одделение во битолската болница, немал знаци на пневмонија, имал температура, и му била препишана терапија за дома.

Бил на лекарски преглед и следниот ден на 11 октомври, а наредниот ден, на 12-ти октомври му биле закажани контролни анализи.

Истиот ден, на 12-ти октомври, поради влошување на рендгенолошкиот наодот и лабораториски анализи, бил задржан во болница. Бил ставен на кислородна поддршка и примал терапија.

Состојбата нагло му се влошила и починал вчера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*