Скопје/Охрид, 16. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 16-ти октомври 2021 година, во 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез од зграда на булевар „Борис Трајковски“, 30-годишниот С.Р. од Скопје физички ги нападнал Б.П.(21), А.С.(19) и С.С.(18), сите од Охрид, со престој во Скопје.
– Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.



