МВР со детали за несреќата со превртениот автобус во Битола

Uncategorized

Министерството за внатрешни работи соопшти првични официјални информации за несреќата во која автобус полн со патници се преврте во битолско.

-Денес во 06.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на излез од фабрика во близина на с.Жабени, битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници. До сега од несреќата како повредени со телесни повреди се пријавени тројца патници и возачот, а помош им е укажана во Клиничка болница Битола, информираат од МВР за Курир.

Полициски екипи на лице место извршиле увид

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *