Телма: Сопственици на банка во Македонија откриени во оф-шор компании во Пандора документите

Двајца сопственици на УНИ банка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт bird.bg од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Минов кои имаат по 36,45 % од  сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија, објави Телма.

Двајцата се квалификувани акционери. Повикувајќи се на документи од Пандора, бугарските банкари имале регистрирано офшор компании преку Тридент од Британските девствени острови. Фирмите поврзани со нив земале кредити од Првата инвестициска банка, банка во Бугарија во која исто така сопственост имаат Мутафчиев и Минов.

Во истражувањето е откриено дека покрај нивните фирми, кредити од банката земале и оф шор компании кои се во сопственост на кипарски Грк, а се поврзани со истите бугарски банкари.

Текстот во целост на: Телма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*