Нова пресуда за убиството на Пино Секундо

Кривичниот суд во Скопје денеска ја донесе истата пресуда за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за помагање  во убиството на Пино Секундо, јавува новинарката на Телма Билјана Николовска од судот.

Судот и пресуди 19 години затвор што е истата казна како во првата пресуда претходно укината од Апелациониот суд.

Ѓорѓиевска е обвинета за помагање во извршување на убиството кое го извршил Али Фуркан кој е во бегство.

Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во автомобил, а подоцна и да го закопаат во атарот на селото Љуботен. Пино со месеци се водеше како исчезнат, а потоа беа најдено остатоци од неговото тело.

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска со месеци бараше надлежните да го пронајдат момчето. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*