ЗАЕВ: ЈА ДОНЕСОВМЕ НАЈГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ОД НЕЗАВИСНОСТА ДО ДЕНЕС

Oва не е само најголемата германска инвестиција во земјава – ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес.

Ова се придобивките од  Законот за стратешки инвестиции.

Големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата и носат храбри одлуки за инвестирање во Северна Македонија“-ова денеска го потенцираше првиот човек на Владата, Зоран Заев во својата прес-конференција.

Премиерот Заев потенцираше дека ќе се гради ветерен парк со име „Вирови” кој, како што рече ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Македонија. 

На полињата на потегот од Куманово кон Крива Паланка за ќе бидат поставени 69 нови ветерни турбини, што е за четири пати повеќе од досегашните 16 кои ги гледаме на границата со Грција,  и најважно, ветерници кои ќе создаваат над 400 мегавати струја од македонскиот ветер.

Во зеленото сценарио најбрзо растечки технологии се токму фотонапонските и ветерните електрани и во нашата стратегија се предвидени околу 1500 мегавати на фотонапонски електрани и околу 700 мегавати на ветерни електрани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*