Авион принудно слета на аеродромот во Софија, откако починала една патничка

Авион на Пакистанската ерлајнс синоќа принудно слета на аеродромот во Софија, соопштија бугарските власти. Како што јави дописникот на МИА од Софија, авионот слетал вчера во 19:22 часот.

Причината за итно слетување беше тоа што жена, пакистанска државјанка, починала во авионот. Патниците беа сместени во хотел во Софија и денеска во 13 часот авионот полетал на пат од Париз до Исламабад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*