(Видео) Припадник на обeзбедувањето нaтeпaл ученици во училиште во Кочани

Uncategorized

Вработен во обезбедувањето во основно училиште во Кочани се најде на насловните во медиумите откако физички нападнал деца кои учат во училитето кое што тој го обезбедува, по што едно од децата се здобило и со повреди. Случајот е пријавен во полиција, а против сторителот, како што објави МВР во денешниот билтен ќе биде поднесена кривична пријава.

„ОВР Кочани ќе поднесе кривична пријава против О.Ц.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете” по член 201-а од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен како обезбедување во основно училиште во Кочани, на 06.10.2021 физички нападнал ученик во училиштето и му нанел повреди. Во врска со настанот бил извршен разговор со О.Ц. и очевидци“, објави МВР.

Новинарот Фуркан разговараше со жртвите, кои изјавуваат дека не знаат зошто биле нападнати. Разговараше и со таткото на повреденото дете, кој го пријавил случајот во полиција, но и револтиран од инцидентот, одлучил истиот да го содели и со медиумите.

Фуркан објави дека ова не е прв инцидент во кој бил вмешано лицето. Во 2019 им се заканувал и нападнал и вработени во училиштето во кое работи.
Школото го плаќа за да ги брани децата, тој сам ги напаѓа.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *