ЛЕЛЕК И ТРАОР: Во бели ковчези погребани девојчињата кои починаа од струен удар, фудбалерот Јован Маркоски го носеше крстот

Девојчињата кои починаа поради струен удар во Србија додека се тушираа во бањата, беа погребани вчера во Обреновац на Новите гробишта.

Мајката на несреќните девојчиња беше видно вознемирена, плачеше гласно за своите ќерки, а луѓето што дојдоа да ги видат до вечното почивалиште застанаа плачејќи, тажни и во неверување дека никогаш повеќе нема да ги видат.

Тажната поворка започна нешто пред 14 часот, а на погребот присуствуваше и братучедот на девојчињата, фудбалерот Јован Маркоски, кој го носеше крстот на помалото починато девојче.

Кумата носеше две ќебиња и бели рози и ја држеше несреќната мајка која одеше зад два бели ковчези. На погребот беше и најмладата ќерка на несреќната жена.

Додека се спушташе еден од ковчезите, на бабата на девојчето и’ се слоши, па мораше да интервенира брзата помош.

– Ве покануваме да дојдете да јадете, да ги испочитувате нив, бидејќи децата обожаваа да јадат, рече кумот Александар Маринковиќ по погребот на насобраните на гробиштата.


Да потсетиме, сестрите М. В. (7) и М. В. (5) претрпеа струен удар во бањата. Во времето на ужасната трагедија, која ги потресе не само Обреновац и Србија, туку целиот регион, мајката на девојчето беше на работа и тие останаа сами со својата помлада сестра (3), пишува српски Курир.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*