На повидок е нов скандал поврзан со производството на марихуана и односите меѓу Македонија и Србија. Предраг Колувија, контроверзен српски бизнисмен јавно објави дека бил упапсен во моментот кога тргнал кон Македонија за да земе македонски дипломатски пасош, објави Република.
Тој во интервјуто вели дека српската полиција се плашела дека кога тој веднаш и истиот ден би го добил дипломатскиот статус од Македонија, тоа подоцна би го отежнало неговото апсење и кривично гонење.
Колувија беше еден од сопствениците на две фирми во Македонија за легално производство на канабис за медицински цели. Лиценцата потоа му беше одземена со образложение дека не водела евиденција за секое стебло канабис.
Незаконско одгледување на марихуана е делото со кое српската држава го товари Предраг Колувија. За една година заработил 3.2 милиони евра од марихуаната пронајдена на неговата плантажа. Колувија во средната на овој месец е уапсен со фалсификувана службена полициска исправа и е откриено дека помеѓу пластениците со органска храна и има марихуана.
Колувија имал удел во струмичка компанија каде сопственик е Горан Крстев, бизнис-партнер на Заеви.
Горан Крстев е лицето кое заедно со Зоран Заев беше амнестирано од Бранко Црвенковски во 2008-та година за случајот Глобал.
извор: Република.


