Поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел условите во притворот Шутка ги спореди со оние во неразвиените Африкански земји. Тој е повторно во посета на земјава за една недела, заинтересиран за случајот со притворот на Јордан Камчев. Фигел смета дека земја кандидат за ЕУ, треба да обезбеди правда и почитување на човековите права а со тоа и достоинствени услови за притворените како во цивилизираниот свет. Фигел разговарал со заменичката на народниот правобранител и се интересирал што е преземено по извештајот во кој нотирале дека врз осомничениот се правела тортура.
Фигел побарал да разговара со повеќе официјални лица од надлежните институции. Со премиерот Заев имале конструктивен телефонски разговор а средбата ја закажале по одржување на изборите. Во врска со овој случај тој се сретнал со државниот јавен обвинител и шефицата за гонење на организиран криминал и корупција.
Фигел минатата недела кога дојде во обидот да го посети Камчев во притворот, беше спречен од затворските служби иако тврди дека навремено и уредно побарал и добил дозвола од надлежните. Тој телефонирал кај министерот за Правда Маричиќ а потоа и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј кој истиот ден беше во посета на Скопје, по што добил дозвола за посета во Шутка.


