Интегра пред битолчани ја претстави платформата „Инвестра 20 21“

Uncategorized

Претседателот на Интегра Македонска конзервативна партија Љупчо Ристовски заедно со носителот на советничката листа за Битола Стефан Ѓорѓиевски на средба со битолчани. Пред нив ја претставија локалната развојна платформа „Инвестра 20 21“.

„Смислата на постоењето на Влада и на локална управа е да отвори перспектива на луѓето да можат да го подобрат квалитетот на животот. Во „Инвестра 2021“ предвидени се низа иновативни модели како луѓето во суштина ќе можат да доприносат за сопствениот семеен буџет. Го промовираме бонанса моделот за забрзано креирање на материјално богатство на секое семејство. Ќе вршиме сериозен притисок за промена на законската регулатива во делот на енергетиката да може секое семејство со кровот на живеалиштето, со дворовите кои што ги поседува да добијат лиценца за да станат микро трговци на електрична енергија до 50 киловати.Тоа ќе биде како уште еден член на семејството да носи сериозен приход како што го има во европските држави, само од микро трговија, мал трговец на електрична енергија. Тоа значи дека ќе се намали притисокот  врз младата генерација да од економска принуда земат бугарски пасоши“, рече Љупчо Ристовски,претседателот на Интегра Македонска конзервативна партија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *