Министерството за внатрешни работи се подновува со канцелариски мебел и опрема вредни речиси 250.000 евра. Тендерот го делат три компании кои треба на МВР да и испорачаат работни бироа, столици, фиокари, административни ормари, метални ормари, огненоотпорна метална каса-сеф како и опрема за сите одмаралишта. Со мебел се опремуваат и одморалиштата на МВР во Охрид, Крани и Пониква. Министертството проценило дека за набваката ќе му требаат ококлу 480.000 евра, но склучило договори за половина о планираната сума.
Од МВР велат станувало збор за редовна обнова на есенцијален мебел. Но иако Владата поради корона-кризата забрани непродуктивни расходи, како тие за набавки на институциите на мебел, возила и слично, од МВР велат набавката не е забранета.



