Ердоган со дроновите бајрактар сака да земе воздух од Путин: Зошто Турција им продава оружје на сите противници на Русија?

Ова во интервју за списанието Дефанс њуз го изјави турскиот аналитичар и професор на Универзитетот во Измир Ситки Егели.

Испораките на напредна воена опрема во Киев и даваат на Анкара редка можност на влијание во сложените и напнати односи со Москва, рече експертот.

Според него, односите меѓу Русија и Турција може да се карактеризираат како „асиметрична меѓузависност каде што Русија има сериозна корист“. Според професорот, Москва се однесува се посигурно во односите со Анкара, па турските власти мора да ја искористат секоја прилика.

Тој нагласи дека руската армија денес има значителна предност пред украинската армија, но ако тој баланс се промени со помош на испораките на турско оружје, тоа ќе стане пресвртница во односите со Москва.

Министерството за одбрана на Украина и турската компанија Бајрактар потпишаа меморандум за изградба на заеднички центар за сервисирање и модернизација на дронови, недалеку од Киев, потсетува руските медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=wXu50Xmrm74&ab_channel=IntvAvstralija

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*