(Видео) Хаос во Љубљана: Полицијата со хелокоптери, водени тoпoви и coлзaвц ги pacтеруваше дeмонcтpaнтите

Полицијата, со водени топови и солзавец, го разби протестот против владините мерки за заштита од коронавируст во Љубљана. Демонстрантите во моментов се расфрлани по помалите улици, а полициските хеликоптери го контролираат центарот на градот.

Демонстрантите кои се собраа на плоштадот „Република“ во главниот град на Словенија, маршираа по улиците против владините мерки предизвикани од корона вирусот.
Полицијата реагираше и употреби водени топови и солзавец.

Кратко потоа, протестите беа прекинати, а демонстрантите се разидоа по помалите улици. Полицијата набљудува сѐ од воздух, односно од хеликоптер што прелетува пошироката област на центарот на градот, пренесува „Кликс.ба“.
„Ги повикуваме сите мирно да ја напуштат областа на центарот на Љубљана и да ги следат упатствата и наредбите на полицијата“, соопшти полицијата.
По полициската офанзива, демонстрантите се вратија на плоштадот Република, но во помал број.

Инаку, во светло на најавата за нов масовен протест против владините мерки во Љубљана, пред самитот ЕУ-Западен Балкан, кој започнува утре, словенечката влада за првпат го активираше членот 9 од Законот за полициски должности и овластувања во историјата на независноста.
Ова значи дека полицајците ќе ги предупредат луѓето што излегуваат на протест, а во случај на непочитување на упатствата, можат да дејствуваат насилно. Новина е што во овој случај, насилството не мора да се случи за да реагира полицијата.
Организаторот на протестот против епидемиолошките мерки веќе најави дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд поради одлуката која, како што велат, е незаконска и неуставна.

https://twitter.com/i/status/1445417423700692993

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*