Предаторот и ги сруши соништата на ќерка ми – Ненад Дејаноски разочаран од одлуката на судот за само една година затвор за обид за силување на Мартина

Седумнаесетгодишната Мартина Дејаноска од Велес, која била жртва на сексуален напад кога имала само 15 години,  покажа огромна храброст откако во објава на социјалните мрежи го раскажа своето трауматично искуство. Причината Мартина да биде гласна е пресудата од само една година ефективен затвор за 62-годишниот сексуален престапник.

Нејзиниот татко, Ненад Дејаноски во разговор за ММС призна дека се чувствува разочарано и дека не очекувал ваква казна и затоа со сопругата ја поддржале Мартина јавно да го раскаже своето искуство со цел да ги охрабри девојките и жените кои доживеале слична траума, но молчат од страв.

– Ние сме дојдени во Велес пред само три години, а само по една година од доаѓањето на Мартина и се случи ова. И се срушија сите соништа. Во првичните моменти ни беше многу тешко, но разговаравме со неа постојано на таа тема и не дозволивме да потоне во мрачни сценарија. Како семејство секогаш сме биле отворени меѓу себе и тоа ни помогна многу. Решивме да ја поддржиме и да не ја оставиме во ниту еден момент. Брат и е две години помал од неа, но и помогна многу. Ние имаме три деца и сите ги учевме на вистински вредности и ова што ни се случи не погоди многу – вели Ненад.

Тој е разочаран од Судот кој предолго, цели 23 месеци го водел случајот, а за тоа време обвинетиот бил слободен и работел во образовна институција.

– Јас сум човек кој треба да го спроведува законот, работам во МВР и оставив системот да си ја заврши работата. Но, системот не функционира. Тоа што обвинетиот немал направено вакво дело претходно, не е причина да му дозволиш да се шета по улица или да добие олеснителна околност при одредување на казната.

повеќе на mms.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*