Едно лице загина, а друго е повредено кога мал авион со транспарент „Дали ќе се омажиш за мене?“ се урна во канадскиот град Монтреал.
Според „Си-Ти-Ви њуз“, авион „Цесна 172“ се урнал недалеку од местото каде што се одржувал музички фестивал.
Полицијата соопшти дека едно лице загинало, а друго е пренесено во болница.

