Најмалку 100 демонстранти беа уапсени во Мелбурн за време на новите демонстрации против строгите ограничувачки мерки што се во сила во овој австралиски град. Некои дури тврдат дека мерките во Мелбурн се меѓу најстрогите во светот, но и покрај тоа, бројот на заразени повторно рапидно расте.
Премиерот на австралискиот регион Викторија, Даниел Ендрјус, воведе задолжителна вакцинација за некои други сектори и сега оваа одредба за вакцинација се однесува на повеќе од милион работници. Се разбира, се уште има меѓу нив кои одбиваат да се вакцинираат, а многу од нив излегуваат на улица да протестираат против задолжителната вакцинација.
Ендрјус вчера објави дека стапува во сила нова мерка – сите работници во регионот Викторија кои не работат од дома мора да бидат вакцинирани до 15 октомври, и мора да добијат втора доза до 26 ноември.


