Во Македонската академија на науките и уметностите заврши научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој “.
За претседателот на МАНУ, Коцарев денешните политичари се слуги на дневно-политичките и геостратешки интереси, а не на државотворните интереси. Обраќање имаше поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски, кој призна дека имало грешки во приватизацијата, дека Преспанскиот договор не е добар, а договорот со Бугарија ја отворил Пандорината кутија.
Ако главна водилка е НАТО ќе не брано, ЕУ ќе не храни, ниту ќе се одбраниме, ни нахраниме, рече Црвенковски. Повика на создавање на национална платформа за широк општествен консензус додека не се решат сите стратешки цели на државата.

