Сашо Панговски, кандидат за Ѓорче Петров: Ќе ги симнам сите табли со „Северна“

За сите што викаа КАЈ ТИ Е ПРОГРАМАТА????ЕВЕ ЈА.Не ја праеле 300 “експерти”, ниту НАСА ни ЕЛОН МАСК….ама читнете…Програма на Сашо Панговски за општина #ЃорчеПетров:За да Ѓорче Петров биде успешна и просперитетна општина и место каде што жителите ќе располагаат со сопствените пари, ресурси и имот – прво мора да ја оттргнеме од канџите на креатурата Северна.Северна е инцест рожба на криминалот, нарко мафијата и политичките профитери, затоа првата точка на мојата програма се однесува на ова:

1️⃣

. Физичко симнување на сите табли на кои пишува Северна на територијата на општина Ѓорче Петров. Тоа ќе го правам лично јас како и бришење на Северна од комуникацијата, сигнализацијата и правниот промет на територија на целата општина.Е сега можеме да работиме.

2️⃣

. Канализација во Кучково – веднаш.

3️⃣

. Водовод во Волково – веднаш.

4️⃣

. Слободна Индустриска зона на територијата на Кисела Јабука / Стопански двор.* Како поддршка на оваа мерка ќе се направи евидентирање на сите невработени на територијата на Ѓорче Петров по струка и квалификации и на секој нов инвеститор ќе му се понудат да одбира првенствено од нив при ангажирање на работната сила за своите капацитети, со тоа ќе се намали невработеноста на територијата на општината.

5️⃣

. Партерно/ Хортикултурно уредување на кејот на реката Вардар на територијата на општината со што Ѓорчевци ќе добијат пријатно место за шетање и рекреација. Ѓорче Петров е ЕДИНСТВЕНА опптина која го нема уредено кејот по течението ба реката Вардар на својата територија во Скопје.

6️⃣

. Стариот објект на општината ќе се одстапи за бесплатно користење на лицата со попреченост со што лицата со попреченост ќе го добијат ПРВИОТ РЕГИОНАЛЕН центар за лица со попреченост во Македонија.

7️⃣

. Домот на култура во општината Ѓорче Петров ќе се претвори во музеј на #македонизмот и #македонската историја, со артефакти, книги, списи од Македонската историја како и сегменти од нашето културно наследство. Во него ќе се одржуваат 3 пати неделно предавања со тема Македонска историја кои ќе бидат беаплатни за сите и на кои нашите деца ќе ја учат ВИСТИНСКАТА ИСТОРИЈА наместо фалсификат историјата на Северна.Јас како градоначалник ќе имам отворен телефонски број на кој ќе можат да се пријавуваат наставници кои ја предаваат фалсификат историјата на Северна во училиштата и со тоа ги сакатат нашите деца. Наставниците ќе бидат казнувани се додека го прават истото, лично од мене како градоначалник.

8️⃣

. Нов стадион на Ф.К. Македонија Ѓорче Петров со реновирање на постоечката трибина и изградба на уште 3 трибини во англиски, премиер лига стил, со трибините веднаш до игралиштето. Стадионот ќе биде со капацитет 15.000 до 20.000 гледачи со подтрибински простор за комерцијална намена. Проектот ќе биде изведен преку приватно јавно партнерство со клубот и останати заинтересирани страни.

9️⃣

. Воведување на еколошка VIBER линија на која жителите на општината ќе може да пријавуваат загадување ( горење на токсични материјали, истурање на токсични материјали во река и сл. ).На истиот телефон ќе може да се пријави и одлагање на градежен и друг шут на несоодветни локации, дивиградби и останати незаконски и нееколошки дејанија на територијата на општината.Општината ќе извршува увид во пријавите најмногу во рок од 7 дена со присуство на мене како градоначалник на лице место.

1️⃣
0️⃣

. Проширување на постоечкиот парк спроти Тинекс во симбиоза со новиот објект на општината, затварање на улицата и нејзино хортикултурно уредување со што паркот ќе се протега од Домот на културата до кружниот тек на потегот пред Порта Влае спроти гаражите на ЈСП.

1️⃣
1️⃣

. Приватно јавно партнерство за отварање на хотели за домашни миленичиња, кои ќе им овозможат на сопствениците на миленичињата да поминат пријатен и безгрижен одмор или службено патување знаејќи дека нивните миленици се на безбедно и пријатно место.

1️⃣
2️⃣

. Четири PETING ZOO ( Фарми со животни ) објекти со придружни содржини во руралните делови на општината каде што децата и нивните родители че имаат можност да поминат релаксирано и квалитетно време заедно а тоа да не е кафеана.Сашо Панговски#ЕденОдВас#ДаГоНаправимеЃорчеМакедонијаПак

2️⃣
6️⃣

П.С. во мојата програма нема #virtuesignaling срања генерализации од типот, ќе ги подобриме условите за живот на пензионерите, ќе се грижиме за здравиот дух на младите, ајро во тегли ќе носиме, ќе дигаме свест за ова, она…. Тоа се све перење пари кампањи.Тоа го оставам на “маскираните” бараби од “големите” партии….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*