Во центарот на селото Велико Војловце во јужниот дел на Србија денеска се случи престрелка, а според првите информации, застрелан е судијата за прекршоци З. К., а ранета е и неговата сопруга.
Брзата помош потврди дека повикот од тоа село стигнал во 16.30 часот и дека екипата била на терен.
Мештаните известуваат дека пред куќата на З.К. имало повеќе полициски автомобили и брза помош, и дека во селото се ширеле гласини дека брачна двојка ранила жител на тоа село, наводно, поради нерешени имотноправни односи.
Полициската управа потврди дека случајот се случил и дека две лица се повредени, дека се префрлени во ургентниот центар на Општата болница Лесковац, но дека степенот на повредите се уште не е познат, пренесува порталот Југмедија.
З.К. бил судија на Прекршочниот суд во Лесковац, а извесно време и претседател на тој суд.
Прочитај повеќе


