Eксплозија во Могадишу – најмалку осум лица загинаа

Најмалку осум лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба на контролен пункт во близина на претседателската палата во Могадишу, соопшти локалната полиција.

– Потврдено е дека осум лица, главно цивили, загинаа, а седум се повредени во експлозија на автомобил-бомба, соопшти полицијата.

Експлозијата се случи претпладне на контролен пункт на еден километар од претседателската палата.

Очевидци велат дека возилото експлодирало додека му приоѓале стражарите на контролниот пункт.

Одговорноста за нападот ја презедоа џихадистите на групата Ал Шабаб. Движењето Ал Шабаб се појави во 2000 година како спој на неколку сомалиски исламистички групи и Ал Каеда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*