Петре е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност. Работел во Македонската телевизија, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на МАНУ, на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Умира во Скопје на 25 септември 2006 година.
Андреевски е човекот кој ни ги даде “Пиреј”, “И на небо и на земја”, “Јазли”, “Сите лица на смртта”, “Дениција”, “Небеска Тимјановна”, “Касни Порасни” и заради тоа со гордост можеме да кажеме дека тој е нашето национално богатство.
„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“.

