Талибанците на јавните плошатди обесија тела на четворица мажи, тврдејчи дека се работи за киднапери од различни делови на градот Херат од западниот дел на Авганистан, објави ДПА.
Талибанскиот заменик гувернер на покраината Мавлави, Шир Ахмад Амар изјави дека мажите се убиени во директни судири со талибанските борци откако претходно киднапирале еден трговец и неговиот син кои подоцна се спасени.
“Нивните тела се обесени на градските плоштади како пример за другите. Обесени се за вече никој да не се осуди да направи такво злосторство“ , изјави Амар.
Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа тело на еден маж во ланци натопено во крв , кое е обесено со дигалка на главниот плоштад во градот Херат.


